
Во паркот „Бел лав“ во Владивосток, Русија, женка германски овчар одгледува две лавчиња, коишто биле напуштени од нивната мајка. Тоа го објави и самиот парк на службениот Инстаграм-профил.
Како што се вели во соопштението, „апсолутно е уникатно што новата мајка – кучката Сандра ги посвои малечките“. Младенчињата сега се стари два месеца, и се во добра здравствена состојба.
Лавицата Сирона ги роди лавчињата – едно машко и едно женско во септември, а потоа ги напушти. Осумгодишната Сандра има и свое кутре. Лавчињата се крстени Сандра и Вектор.