
Силната бура Јота однесе најмалку 15 човечки животи во Централна и во Јужна Америка, објавија тамошните власти во средата.
Смртно настрадаа четири лица, од кои три се деца, а неколку се исчензаит во одрони на куќите во планинската облат во Матагалпа, централен регион во Никарагва, објави во средата тамошната влада.
Меѓу жртвите се уште шест лица во Никарагва, две во Колумбија, по една во Ел Салвадор и во Панама, покажуваат официјалните бројки. Медиумите наведуваат и дека загинало уште едно лице во Хондурас, но оваа смрт не е официјално потврдена.
Јота, ураган четвртата категорија, налета на брегот на Никарагва во понеделникот со налеро на ветерот со брзина до 250 километри на час. Подоцна ослабе и мина во тропска бура.
Бурата во средата го погоди Ел Салвадор, а дождот се очекуваат уште во делови на Хондурас, Гватемала, Белизе и Никаргва во четвртокот, предупреди американскиот Национален центар за урагани.
Јота нанела големи штети во Никерагва, каде уништила куќи и мостови, уривала дрвја и ги нарушила телекомуникациите, особено околу градот Пуерто Кабезас. Евакуирани се повеќе од 60.000 луѓе.
Во северен Хондурас нанесена е дополнителна штета, откако оваа област пред две седмици беше погодена од ураганот Ета. Обилни дождови наврнале во Колумбија каде што расте бројот на загинати и исчезнати.
Јота е веќе 30-та бура оваа година која била доволно силна за да биде именувана.