АСМЛ: Здравствениот систем нема да го издржи налетот на нови пациенти

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) смета дека моменталната поставеност на здравствената заштита во земјава нема уште долго да го издржи налетот на приеми на болни пациенти. Тие излегоа со неколку барања, меѓу кои и итно формирање на тријажни центри кои ќе имаат и RTG (фиксен или мобилен), лабораторија со хемостаза и d-dimeri, CRP, LDH, CK, и останати биохемиски анализи(alt, AST, bilirubin, urea, kreatinin…).

– Дневно болнички центри за парентерални антибиотици и останата терапија за тие пациенти што се независни од кислород. Ослободување на сите хронични пациенти, охрабрување на работа од дома. Редовен програм за сите хронични пациенти на Клинички центар. Спроведување на централен довод на кислород до секој кревет.Тренинг за сите што одат да работат во ковид центар, задолжително здравствено да се осигурани и тие со договор на дело. Воведување на ограничувања на движење и построги контроли. Триплирање на јавниот превоз. Централизирана комуникација и он лајн контрола на слободни места за хоспитализација – се барањата на АСМЛ.