
Во одговор на пратеничко прашање, Борел наведе дека очекува Србија и Косово да „дејствуваат во согласност со определеноста на ЕУ“, но и во согласност со своите европски аспирации.
„Долгогодишниот став на ЕУ е дека со преговори мора да се најде начин за решавање на статусот на Ерусалим како идна престолнина на две држави и дека мора да се исполнат тежнеењата на двете страни“, наведе тој и додаде дека „прашањето на Ерусалим е прашање на конечниот статус“.
„Во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 478 од 1980 година, која ги повикува сите членки на ОН своите амбасади да ги преселат во Тел Авив, сите амбасади на државите членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив“, објасни Борел.
Тој потсети дека и Косово и Србија ја идентификувале интеграцијата во ЕУ како свој стратегиски приоритет.
„ЕУ очекува и едните и другите да дејствуваат во согласност со оваа определба“, порача шефот на дипломатијата на ЕУ и го повтори ставот дека од Србија очекува, во рамки на процесот на преговорите за пристапување во ЕУ, „постепено да ги усогласува своето законодавство и политиките кон трети земји со правните текови и политиките на ЕУ“.