На инфективните одделенија се лекуваат 820 пациенти, има слободни билнички кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти во четвртокот министерството за здравство.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп  116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 27 болни.

Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на корона вирусот.  Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.