
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови детали од случајот на починатата пациентка во штипската болница и побара оставки од директорот на болницата Ален Георгијев и министерот за сдравство Венко Филипче.
Пратеникот од оваа партија Иван Јорданов обвини дека додека пациентката од Берово молела за кислород директорот на болницата Ален Георгијев кој бил дежурен во Инфективното одделение гостува на емисија во локална телевизија. Затоа вели тој, апсурдно е тој да ја води постапката за разрешување на случајот и прави обиди да го заташка случајот.
– Директорот на штипската болница и близок соработник на Филипче, Ален Георгијев одбива да ја каже вистината и очајно се труди да нѐ убеди дека на 14.11.2020 година бил на работа попладне, сепак доказите и исказите на вработените го говорат спротивното. Имено, од статусот на девојчето од Берово, дознаваме дека е променета датата на смртта на нејзината мајка, што сугерира на криминално прикривање на дежурството на директорот.Според укажувањата кадарот на Филипче, Ален Георгијев бил дежурен на инфективно одделение од 07.30 утрината, меѓутоа претпладневниот дел од работното време го искористил за гостување во емисија – вели Јорданов.
Тој смета дека сега директорот на штипската болница се обидува да го заташка случајот со смртта на пациентката во Штип, која умре молејќи за кислород кој никогаш ме го доби.
– По принципот кадиja те тужи кадија те суди, Филипче го поставил директорот Георгијев да ја истражи смртта поради недостаток на кислород, иако тој според сведоштвата на многумина тој ден бил дежурен на инфективното одделение како лекар и не презел ништо- вели јорданов.
Тој бара оставка на од директорот на штипската болница Ален Георгијев и министерот Венко Филипче.