
Денеска се оддржа 10 седница на Советот за безбедност на Република Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции.
На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.
Претседателот Стево Пендаровски по оддржаната седница, даде изјава за медиумите каде што соопшти дека е донесен заклучок, односно Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена.