
Доналд Трамп Јуниор, (42), најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, е позитивен на коронавирус и е во карантин, но нема симптоми на ковид-19, изјави неговиот портпарол.
„Досега е целосно асимптоматски и ги следи сите медицински препорачани упатства за ковид-19“, додаде тој.
Ендру Џулијани, синот на адвокатот на претседателот Руди Џулијани, исто така рече дека тој бил позитивен на коронавирус во петокот.
Претседателот на САД и првата дама Меланија Трамп беа заразена со коронавирус на почетокот на октомври.