
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека тој сè уште не е заинтересиран да работи со репрезентацијата на Германија.
– Ова е веројатно прашањето што најчесто ми го поставуваат. Во иднина, можеби. Сега? Не. Имам работа. Многу одговорна и интересна работа. Затоа, не барам нов предизвик. Имам доволно грижи кога ќе се разбудам наутро, истакна Клоп во интервјуто за „Goal“.
Сегашниот селектор, 60-годишниот Јоаким Лев ја води репрезентацијата на Германија во последните 14 години. Неодамна, националниот германски тим претрпе историски пораз од Шпанија (0:6) во Лигата на нации. За потсетување, поразот од Шпанија беше најголем за Германија од 1931 година.