Израел во 2020-та извел 35 напади врз Сирија

Израел од почетокот на 2020 година извел 35 напади врз разни цели во Сирија, во коишто се убиени 198 лица блиски на сириската влада, иобјави во понеделникот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), којашто дејствува од Лондон.

Споменатата организацја објави дека меши убиените се 80 припадници на проирански регионални паравоени сили, 11 сириски војници, тројца припаници на либанскот шиитско движење Хезболах, 21 припадник на иранската Револуционарна гарда и 53 Ирачани кои во Сирија се бореле на страната на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Од SOHR, чиј претседател е сопственик на сириски ресторан кој одамна живее во Лондон, не наведува од кои извори ги добил прецизните податоци, иако од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година се повикува на „свои активисти на теренот“.

Израел, инаку ретко ги потврдува нападите на неговото воено воздухопловство врз цели во Сирија, и се смета дека во премолчен договор со Русија првенствено се насочени во напорите да се спречи либиски Хезболах и Иран да ја изградат воената надмоќ во регионот.

Минатата седмица сириската влада соопшти дека во напад на израелски воени цели во Сорија биле убиени тројца сириски војници. SOHR, пак, тврди дека загинале најмалку десет сириски војници.

Поранешниот воен командант и сегашен израелски министер за одбрана и заменски премиер ,Бени Ганц, минатата седмица порача дека Израел „нема да толерира никакво кршење на суверенитетот на кој и да е фронт“, без да појасни што се подразбира под тоа.