
Лекот „Фавира“ или „Фавимол“, со генеричко име „Фавипиравир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки, откако Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.
„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со ковид-19, поткрепено со сè почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на фавипиравир за крајните корисници-пациентите“, наведено е во соопштението на Малмед.
Таму е посочено дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар.
„Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на вашето здравје. Затоа, пред да земете лек, задолжително консултирајте се со вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот“, се вели во соопштението.