СДСМ трошaат расипнички и ја задолжуваат државата, а кратат на сметка на сите граѓани

Актуелнаа власт предводена од премиерот Зоран Заев креираа уште еден огромен, нереален и неразвоен Буџет, кој е строго партиски, а не народен и граѓански, оцени во вторникот  Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи во изјавата за медиумите, Буџетот покажува дека владејачката СДСМ не планира да ја помага економијата, да го помогне реалниот сектор и граѓаните, и оти покажува дека власта ниту има планови, ниту знае како да се справи со катастрофалните последици од  кризата со коронавирусот.

„Но затоа, гледаме дека многу добро знае како да не задолжи уште повеќе врз грбот на граѓаните. Накратко кажано, СДСМ е без компас. Тие трошат расипнички, се задолжуваат како да нема утре, а кратат од се’ што може да скрати, на сметка на сите граѓани на Република Македонија. Имено, СДСМ и со овој буџет повторно ги намалува и онака малите средства за капитални проекти. Тие за наредната година предвидуваат 10 милиони помалку за капитални проекти. Чувството и фактот што го имаме сите граѓани на Република Македонија дека за време на владеењето на СДСМ никогаш и ништо не се гради, а парите ги нема, очигледно ќе продолжи и во наредната година“, рече Мицевски.

Укажа и на тоа дека во услови на криза, владата предводена од СДСМ реши да крати и на штетата на земјоделците, прецизирајќи дека со буџетските решенија се предвидуваат намалување на средствата во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„А токму СДСМ на земјоделците им ветуваше мед и млеко, а сега гледаме дека и нив ги изигра и излажа. Исто така, нема пари за помош на фирмите, нема пари за помош на земјоделците, нема пари за опремување на медицинските лица во справуавње со КОВИД 19, ама затоа непродуктивните расходи продолжуваат да растат со забрзана динамика и темпо. Така, расходите за плати во 2021 година се за 20 милиони евра или 4,1% повисоки од оние за 2020 година. Иако министерот најави дека нема да има зголемување на платите во јавниот сектор“, посочува Мицевски.

„Исто така, расходите за стоки и услуги растат за фантастични 3,5 милијарди денари или 18% во однос на претходната година. Во услови на криза, раст на овие расходи буквално значи расфрлање со парите на граѓаните за непотребни работи на сметка на оние на кои им се далеку попотребни. Ова е срамно, ова е загрижувачки.
Досега СДСМ потроши многу пари, многу милијарди, а не направи ништо. Не помогна никому. Потрошија три буџети досега, а не изградија ништо. Го нема Клинички центар во Скопје, ги нема ниту автопатите кои што ги ветија. Очигледно, нема ништо од ветувањата, но ги нема ниту парите на граѓаните. Токму затоа овој буџет е граден врз база на партиски интереси и потреби, а не врз база на потребите на граѓаните. Очигледно на СДСМ и Заев не им е воошто гајле за тоа како живеат и како крпат ден за ден граѓаните. Доказ за тоа е, овој расипнички буџет“!, дециден е тој.