
Швајцарка во вторникот нападнала две жени, од кои едната со нож, во супермаркет во Лугано, во јужниот кантон Тичино, објави регионалната полиција, којашто смета дека нападот е „терористички мотивиран“ и отворила криминалистичка истрага во таа насока, пренесе порталот 20 Minutes.
Според кантоналната полиција во Тичино, околу 14 часот по локално време 28-годишна Швајцарка нападнала две жени, обидувајќи се да задави една од нива а втората ја ранила со нож во пределот на вратот.
Осомничената е приведена откако другите купувачи во супермаркетот успеела да ја совладаат напаѓачката, а двете жртви се надвор од животна опасност, се додава во соопштението на полицијата.
Порталот наведува дека властите се сомневаат дека станива збор за терористчки чин, и во моментов ги истражуваат мотивите и околностите за инцидентот, тесно соработувајќи со федералните полициски служби.