
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски преку статус на Фејсбук пишува дека бил дел од групата на македонски интелектуалци која испрати отворено писмо и го крена гласот против негирањето на македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и континуитет на постоење на македонскиот народ.
„Со надеж дека ќе ја разбудиме македонската општествена јавност, меѓународната заедница како и Владата. Бев дел од групата на македонски интелектуалци која испрати отворено писмо и го крена гласот против негирањето на македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и континуитет на постоење на македонскиот народ“, стои во неговиот пост на Фејсбук.