Стабилно сончево со температури до 16 степени

Времето во Маледноија во средата во утринските часови е студено а во некои котлини со појава на магла, но во текот на денот ќе преовладув сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура се движи од минус 8 до 0, а дневната ќе биде во интервалот од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрото е студено и магливо, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.