Заев не го дава Рашковски, ќе го смести на чело на еден од новите три секретаријата на Владата

Владата ќе формира три нови секретаријата: секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите, секретаријат за комуникации и секретаријат за администрација, со што се воведуваат и уште три нови позиции „секретар“ и уште толку „помошник-секретар“.

Функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма ќе ја  извршува досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Тој тоа и го најави во телевизиска емисија.

Според одлуката објавена во вторникот во „Службен весник“, се предвидува формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите, а треба да се формираат уште два нови секретаријати – за комуникации и за администрација.