
Денеска (25.11.2020) во 12:35 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- ОВР Кичево го приведоа Ф.И. (30) од Кичево.
По претходно добиени оперативни сознанија, на ул. Прилепска во Кичево бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба.
Против Ф.И., по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.