
Мора да се водиме на фактичка ситуација во смисла на историски факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и очечувате други политичари да седнат и да најдат договор. Заев се однесува како политичар, кој залутал во политиката. Сега приоритет е да не Заев на преговачка маса, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Клик плус“ што се емитува на телевизија 21.
Мицксоки укажа на недоличното однесување на Заев и менувањето на ставовите, или дека истите ги менува континуирано.
-Заев вели нема што да разговарам со лидерот на опозицијата, нема што да одам на Комисија за надворешни работи во Собрание, но затоа дава интервју за бугарски медиум и би рекол галантно ја најавува распродажбата, рече Мицкоски.
Мицксоки потсети и како Заев велеше дека нема преговори за македонски јазик и тоа биле црвените линии.
-Тоа се и наши црвени линии, зошто тогаш да не изгласаме документ во Собрание и со тој да одиме на преговари, посочи Мицкоски.