
По екипите на Севилја, Челзи, Барселона и Јувентус, пласман во осминафиналето на годинешното издание на Лигата на шампионите, изборија и минхенски Баерн и Манчестер Сити, додека во дербито на вечерта во средата Раеал Мадрид среде Милано го совлада со 2:0 Интер со што го турна италијанскиот претставник кон многу можна елиминација.
Баерн не покажа толкава ефикасност како во минатот коло гоа во Салбвург славеше со 5:2, но се чини одигра колку што е доволно за со сигурните 3:1 да биде подобар од истиот противник. Стрелци за Баварците беа Роберт Левандовски во 42, Конгсли Коман во 53 и Лерој Сане во 68 минута, додека стрелец за РБ Салцбург беше Мергим Бериша во 73 минута. Задоволството кај домашните го расипа исклулчувањето во 66 минтуа на Марк Рока.
Ова беше четвртата победа на Баерни во четирите кола од Групата А, во чии рамки во вториот вечерашен меч Атлетико Мадрид и московски Локомотив одиграа без голови.
На табелата во оваа група води Баерн со 12 бодови, Атлетико Мадрид има 5, Ломомотив 3 а Салцбург еден бод.
Во Групата Б во Милано се играше дербито на вечерта меѓу домашниот Интер и мадридски Реал. „Кралскиот клуб“ стаса до предноста веќе во 7 минута, со голот на Еден Азар од пенал кој го направи Бореља со невнимателен старт врз Начо.
Се чини дека клучниот момент на овој меч се одигра во 33 минтуа, кога Артуро Видал доби еден по друг два жолти картона поради приговор на судијата Тејлор, протестирајќи дека врз него не е доседен панла. Со играч повеќе Реал во 59 минтута зголеми, по автоголот на Хакими поткако претходно шутираше Родриго.
Во вториот дуел од оваа група Борусија Менхенгалдбах го победи Шахтјор од Донецк со 4:0, правејќи голем исчекор кон пласманот во осминафиналето. Борусија минатиот меч во Украине го доби со 6:0, и така во двомечот со Шахтјор оствари максимални шест бодови со гол разлика 10:0.
Стрелци вечевра беа Ларс Стиндл во 18 минута од пенал, Нико Елведи во 34 и Беел Емболо во 45 минута, а во вториот дел можеше да продолжи со канонадата, но неговите играчи погодија само уште еднаш, во 78 минута преку Оскар Венд.
На табелата води Борусија со 8, Реал има 7, Шахтјор со 4 а Интер е последен со 2 бода.
Во Групата Ц Манчестер Сити го обезбеди пласманот во осминафиналето откако минимално со 1:0, со голот на Фил Фоден во 36 минута, славеше на гостувањето кај Олимпијакос.
Гостинска победа со 2:0 оствари и Порто кај Олимпик Марсеј. Гостите поведоа во 39 минута со голот на Заиди Санусо, но во 67 минута останаа со играч помалку откако беше исклучен Марко Грујиќ. И наместо да ја искористи бројната предност на теренот, Марсеј по само три минути се израмни но во црвените картони, откако беше исклучен Леонардо Балерди. И веќе во 72 минута од пенал кој го изведе Серхио Оливеира португалскиот претставник ја потврди победата.
На табелата води Сити со 12 бодови, Порто има 8, Олимпијакос 3 а Марсеј е без бодови. Марсеј така го постави рекордот во Лигата на шампионите со 13 последователни натпревари без победа.
Во Групата Д, италијанска Аталанта со победата на гости над Ливерпул ја комплицираше конечната разврска на две кола пред крајот. По почетните три поебди, Ливерпул вечерва имаше шанса да обезбеди осминафинеле, уште повеќе што во минатото коло токму во Бергамо славеше со високите 5:0.
Но овојпат Аталанта избори победа и остана во игра за минување на групната фаза. Головите ги постигнаа Јисип Иличич во 60 и Робен Госенс четири минути подоцна.
Во вториот меч Ајакс со 3:1 го победи дански Митјуланд. Стрелци за „Копјаниците“ беа Рајан Гравенберх во 47, Нусаир Мазрауо во 49 и Давид Нерес во 66 минута, а за гостите пенал реализираше Авер Мабил во 80 минута.
Ливерпул остана водечки на мини-табелата со 9 бодови, а Ајакс и Аталанта имаат по 7 бодови, додена Митјуленд е последен без бодови.