Филипче уверува дека бројот на коронаинфекциите паѓа и нема потреба од дополнителни рестрикции

Пред една седмица беше регистриран најголемиот број случаи на зараза со коронавируост на дневно ниво, а од тогаш оваа бројка се намалува, рече на прес-конференцијата во петокот министерот за здравство Венко Филипче.

„Ова ни покажува дека мерките даваат резултат. Размислувавме и за дополнителни мерки, но сметаме дека нема потреба ништо друго да се препорачува. Полициски час по 21 часот ништо нема да донесе бидејќи е празно веќе и времето е студено, угостителските објекти се затворени, забрането е групирање во текот на цело деноноќие и останува како ризик собирите во домашни услови за што има препорака да не се организираат“, истакна Филипче.

Додаде дека дополнителни мерки засега не се планираат. По однос на ситуацијата во Прилеп, каде што градоначалникот Илија Јованоски, кој и самиот е лекар алармирапе на драматична состојбна во градот и побара воведување полициски час, министерот Филипче истакна дека за во сабота е договорена средба со Јованоски на која детално ќе се евалуира состојбата.