
Безочна манипулација ја нарече поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со која, вели, го брани неодбраливото.
-Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато.
На ова Куновска ја потсети дека Германија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.
-Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него, порача Куновска на Шекеринска.
Куновска прва порача дека Зоран Заев треба да замине не само од премиерската функција, туку и од Социјалдемкоратскиот сојуз.
-Не чудете се што некому не му паѓа тешко да го релативизира фашизмот. Таа релативизација постоела и тогаш и се викала колаборационизам. А нејзините претставници имаат потомци кои се тука меѓу нас и денес, порача Куновска.