Словенија ги продолжува анти-корона мерките по над 1.600 нови зарази и 48 починати

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени нови 1.609 случаи на зараза со коронавирусот и уште 48 смртни исходи како последица од компликации предизвикани од болеста Covid-19, соопшто во петкот словенечката влада којашто поради новите показатели за уште една седмица ги продолжи острите рестриктивни мерки кои на нови на затворање се на сила веќе еден месец.

Со тестораните 6.587 примероци коронаинфекцијата е потврдена кај 1.609 лица, што е за 158 зарази помалку од ден претходно, а уделот на пизитивните тество е намален на 24,3 отсто во однос на четвртокот кога изнесуваше 27,3 отсто, изјви на прес-конференција Јелко Кацин, владиниот портпарол за кризата со епидемијата на коронавирусот.

Кацин додаде дека новите податоци се малку попозитивни, но истакна дека ситуацијата со вториот бран од епидемијата во замјата и натаму е многу сериозна и зарижувачка.

Со заразите потврдени во последните 24 часа, вкупни број од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 72.682, од кои во моментов активни се 20.268 случаи на коронаинфекции, додека 14-дневната инциденца изнесува 967, објави во петокот тамошното министерство за здравство.

Растечкиот број хоспитализации сѐ уште не е запрен и овој показател и натаму е во нагорна линија, па во моментов во словеничките болници на „ковид-одделите“ се згрижени 1.324 пациенти, 37 повеќе отколку во четвртокот. На одделите за интензивна нега, пак, се сместени 199 тешко заболени пациенти.

Со 48-те починати во последното деноноќие, бројот на смртните исходи е зголемен на 1.293. Според леталните исходи на Covid-19 во однос на целокупната популација, Словенија е меѓуи земјите на врвото на црната листа од државите погодени во пандемијата на коронавирусот.

Поради сѐ уште многу тешката ситуациа со епидемијата, словенечката влада во четвртокот вечерта за најмалку за упте една седмица ги продолжи настрогите рестрикции кои вклучуваат и полициски час, забрануваат собирање вон семејниот круг и „затоворање“ во рамките на општинските граници.

Според словенечките медиуми, епидемиолозите кои ја советуваат владата оценуваат дека попуштањето на некоја од рестрикциите не би смеело да се случи барем додека бројот на дневните инфекции не се стабизира под илјада.

Владата најави дека, сепак, ќе направи план за евентуално ублажување на мерките. Инфектологот Бојана Беович изјави за медимите дека сличен план веќе донела владата во Франција, и дека доколку француските критериуми би се применувале во Словенија, тоа би значело дека укинувањето на мерките би можело да се случи дури кога бројот на новите зарази на дневно ниво би паднал на најмалку 150 случаи.

Покрај тоа, наскоро на сила стапуваат новите одредби за санцкионриање на прекршителите на епидемиолошките мерки, коишто со измените на Законот за заразни болести кој го усвои парламентот на предлог на владат предвидуваат глобо од 1.000 до 10.000 евра, особено за забраните на собирања и јавни протести без епдиемиолошки заштитни мерки во време на епидемијата.

Словенечките медиуми, исто така, известуваат дека повеќе членови на валдиниот експертски тим за Covid-19 добивале анонимни закани преку социјалните медиуми или преку електронса пошта, па владата најави дека таквите закани ќе бидат енергично истражени и пријавени на органите на прогонот.

Директорот на Националниот завод за јавно здравје (NIJZ), Милан Крек, во разговорот за јавната словенечка телевизија рече дека неодамана на улица доживеал и директни физички закани и навреду од еден музичар рапер, воедно и активист кој го подржива ткн неделни „велосипедски“ протести против владата и епидениолопките мерки.