
Премиерот Зоран Заев денеска сведочи во предметот за наводните организатори на собраниските настани од 27 Април.
Тој е повикан да сведочи по барање на обвинетиот Трајко Вељановски.
Во овој предмет ообвинети се уште ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.