
„Или Заев или Македонија„. Ова е една од пораките која осамна на денешниот протест на кој народот сплотено бара оставка од премиерот.
По неговите последни изјави, јавното тргување со македонската историја, обезличување на се што е македонско, граѓаните му порачуваат дека треба да си оди.
Сенародниот протест е организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Две групи во колони тргнаа кон македонската Влада. Едните од Аеродром, другите од Карпош.