11.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Граѓаните со прашања до градоначалникот Смилевски: Што се случува во Општина Бутел? (ФОТО)

Што се случува во Општина Бутел, имаме ли градоначалник, правила и сектор за урбанизам?

Ова прашање го поставуваат жители на скопската општина.

Во продолжение ја пренесуваме пораката на граѓаните од Бутел:

Веднаш над населеното место Љуботенски Пат, од десната страна на улицата Андре Мазон, наеднаш или народски речено преку ноќ, никнаа петнаесетина куќи за кои многу веројатно нема никаква издадена дозвола од страна на општинските власти.

Го повикуваме градоначалникот Велимир Смилевски веднаш да одговори на неколку загрижувачки прашања:

1.Има ли некаков ред во нашата Општина ?

2.Дали посочените куќи имаа дозволи за градби, и ако имаат веднаш да бидат покажани на граѓаните !?

3.Дали во нашата Општина има граѓани за кои не важат стандардните урбанистички правила, дали овие граѓани можат да прават буквално се што сакаат и зошто е тоа така ?

Најголемиот дел граѓани кои ни се обратија за овој загрижувачки проблем, бараат Велимир Смилевски веднаш тој лично да излезе на терен и да реагира, да постапи согласно закон, во спротивно ќе има масовна и директна реакција од страна на граѓаните на Општина Бутел!

Редакцијата Го Сакам Бутел како збир на голем број граѓани на Општина Бутел алармира дека ова не е единствен проблем од овој карактер во нашата Општина Бутел, ова што се случува во областа на урбанизмот во нашата Општина е навистина алармантно и се ќе излезе на виделина!