
Јасмина Ангелеска, која по 18 години служба го напушти Министерството за внатрешни работи и преку „Фејсбук“ објасни дека причините се „партиските послушници кои се на позициите пред сè за личен интерес“, е всушност полицајката која „се удри сама од пајакот“.
Само ден по нападот, случајот беше извртен со амин на тогашниот и сегашен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по што на крај беше соопштено дека нападот бил само вербален, а Јаначковска сама се удрила од возилото.
-Системот повторно си потфрли. За жал никој не ја заштити и сите долеваа масло во огнот. Ова е заеднички неуспех, бидејќи се изгубивме кадар од кариера, а не од партија, се вели во коментарите на социјалните мрежи.
Во случајот „Пакај“ се вмеша и министерот Оливер Спасовски, кој ја прими тогаш Јаначковска и ѝ оддаде признани е за професионалното постапување. Спасовски потенцирал дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално, согласно нивните законските овластувања.
