Коронавирусот никогаш нема да биде искоренет, предупреди британски експерт

Новиот коронавирус SARS-CoV-2, најверојатно, никогаш нема да биде искоренет, тој ќе опстојува како сезонско зболување дури и при вакцинирање, смета Џонатан Ван Там, заменик на главниот лекар на Англија.

Велика Британија во средата утрото прва во светот ја одобри вакцината за коронавирусот, откако препорака и сертификат даде министерството за здравсто кое соопшти дека е одобрена за употреба вакцината којашто заеднички ја развија американката технолошка компанија „Pfizer“ и германската технолошка компанија „BioNTech“. Според најавата, вакцината ќе биде достана на целата територија на Обединетото Кралство веќе следната седмица.

Масовната вакцинација, пак, британските власти ја планираат за пролетта 2021 година, ориентационо во мај, кога вакцината ќе ја примат најранливите групи граѓани, здравствените и социјалните работници, како и старите лица.

„Не мислам дека коронавирусот некогаш ќе биде искоренет, сметам дека тој може да опстане како сезонски проблем… навиките кои сега ги усвоивме, како носењето маски и дезинфекцијата, и натаму ќе се практикуваат“, рекол Ван Там на брифингот во средата вечерта.

Според британскиот стручњак, просториите со слаба вентилација, просторите каде што истовремено престојуваат многу луѓе и местата каде што има близок контакт меѓу луѓето, и во иднина ќе останат најопасните места од аспект на инфекции со коронавирусот.

„Сето тоа се начини на пренесување“ на вирусот, рекол Ван Там.

Истовремено, овој научен работник признал дека со оптимизам ја примил веста за одобрувањето на првата вакцината против коронавирусот во Британија. Но според него, за успешна имунузацијата на населението, потребни се повеќе вакцини од различни производители.

Со неговите ставови се согласил и британскиот премиер Борис Џонсон, кој исто така присуствувал на брифингот.

„Нема потреба да се биде преголем оптимист или наивно да се верува дека борбата (поротив коронавирусот) е завршена. Не е така. Сега треба да го спроведеме нашиот план за зимата (задржување на рестриктивните мерки низ целата земја). Најлошото нешто во моментов е да се прерпостави дека можеме да се опуштиме, дека играта и борбата со Covid-19 е завршена. Не е таа, ова не е крајот“, предупредил Џонсон.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенок, минатата седмица изјави дека животот во земјата по вториот бран на пандемијата ќе се врати во нормала до велигденските празници следната пролет, доколку вакцинацијата на населението биде успешна. Сепак, експертската јавност во Обединетото Кралство веднаш предупреди дека сѐ уште многу малку се знае за коронавирусот и оти, веројатно, дури и со постигнувањето на ткн „имунитет на стадото“, вирусот ќе се враќа како сезонска болест.