
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.
По заедничката средба, Османи и специјалниот претставник Бучковски во 14:00 часот ќе дадат изјави за медиумите.
Владата на вчерашната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.