
Дали со молкот на новинарските прашање за спортната зграда, охридскиот градоначалник Константин Георгиески се обидува да сокрие дека дивоградбата води кон потесното семејство на поранешен градоначалник и актуелна советничка, пишува локалниот портал Охрид24.
Откакао минатата седмица на својата веб-страница овој ресурс објави дека во центарот на Охрид се изведуваат градежни зафати на станбен објект кој се чини се вон прописите и нормите, од Охрид24 испратиле барање со одговор од градоначалникот Георгиески, кадар на владејалјчката СДСМ.
Медиумите ги формулирал следните прашања: 1. Дали се работи за дивоградба?; 2. Дали инспектори ќе излезат на терен? и 3. Дали доколку се утврди дека е дивоградба, градоначалникот ќе ја урне?
Прашањата биле испратени до Општина Охрид уште на 30-ти ноември, а во врска со работи на покривот на станбена зграда во близина на Градскиот пазар кој станува нов кат, а се однесуваат на тоа претставува нова дивоградба. Но, и после три дена одговор од локалната власт не добивме.
„Што се крие зад молкот на градоначалникот Константин Георгиески? Дали се обидува да сокрие дека дивоградбата води кон потесното семејство на поранешен градоначалник и актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владејачкото мнозинство?“, пшува порталот.
Овие прашања дополнително се отвораат откако охридската чаршија сѐ погласно зборува за имињата на сопствениците на дивоградбата.
„Наместо тие да бидат пример за другите сограѓани, тие се оние кои ги прекршуваат законите и ги користат бенефициите на функцијата“, се дел од коментарите на јавноста, пренесува Охрид 24.
Останува да се види дали градоначланикот Георгиески ќе постапи по законите и ќе ја урне дивоградбата или ќе премолчи, а од медиумите му порачуваат дека и натаму ќе ја следат разврската на случајот.