
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 1.350 амандмани, а вкупно од целата опозиција имаме околу 3000 амандмани. Тоа е едноставно крик на опозицијата врз основ на неуставноста и неделовничкиот начин на однесување и врз основа на она што го прави власта во изминатиот период, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ние преку процесот Жан Моне разговаравме преку европски вредности за донесување на Деловникот, со консензус. За жал тоа не беше послушано од страна на власта и единствен начин за одбрана на Уставот и Деловникот во Собранието е поднесување на огромен број на амандмани за блокирање на самата седница. Сè додека вака насилнички и неуставно се однесува власта, тоа ќе биде реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата – истакна Мицевски.