На плажа близу струшки хотел откриени сандаци со муниција

Во средата околу пладнето при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се сандаци со куршуми различен калибар а според првичните сознанија муницијата потекнува од периодот на Втората светска војна.

По извршен, ,нформира МВР, увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.