Данска и Холандија се двете држави кои го поддржале бугарското вето за Македонија

Данска и Холандија се двете држави кои го поддржале бугарското вето за Македонија, изјавил дипломат за бугарскиот „24 часа“.

Понатаму весникот пишува дека претходно макеоднскиот пратеник Антонио Милошоски на Фејсбук напишал: „изгледа дека Бугарија не е сама, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две држави на ЕУ, во блокирањето на македонските преговори за членство“.

Милошоски вели дека некои членки на ЕУ, како Франција, Италија, Холандија и Грција се против примена на заклучоци или преговарчка рамка само за Албанија.

Изворот на „24 часа“ потврдува, дека навистина, макар и да нема такви спорни прашања како со Македонија, за преговарачката рамка на Албанија има силно неодобрување.

На средба на ниво на пратеници во Брисел, Бугарија не само што ја блокирала преговарачката рамка, туку и заклучоците за Северна Македонија, по што германското претседателство ја прекинало дискусијата бидејќи немало консензус.

Темата за проширувањето повторно ќе биде ставена на дневен ред на пратениците на Европскиот совет на 7 декември, годинава. Следно е Советот за општи прашања на кој повторно ќе се рагледува преговарчкиот процес со Сверна Македонија.

Македонскиот пратеник, наведува бугарскиот медиум, прецизира дека некои држави од сојузот изразиле симпатии кон напорите на Македонија и се согласиле за старт на преговорите, без вклучување на прашањата меѓу двете земји.

Германската позиција е дека Бугарија и Македонија треба двострано да се разберат по прашањата за јазикот и името, но Софија цврсто настојува дека сите останати спорни прашања треба да се вклучат во поглавјето.

Целиот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК