Германија го брише наследството од нацизмот во својата азбука

Германија има намера да ја промени својата фонетска азбука, односно системот на изговор со кој на секоја буква ѝ се придодава коден збор, за да ги исфрли зборовите кои во неа наводно ги додале нацистите.

Според образложението, наводно пред нацистичката диктатура во германската фонетска азбука се користеле некои еврејски имиња како Давид за буквата „Д“, Натан за „Н“ и Захарија за „З“.

Меѓутота, германските нацисти тие кодни зборови ги промениле со Дора, Нордпол (Северен пол) и Целенин (Zeppelin). Нивното користење продолжило и по нацизмот, а наводно и мнозинството Германции не се свесни за „антисемитските корени на овие кодни зборови“, иако не е јасно во што се состои „антисемитизмот“ на зборовите.

Таканаречените експерти сега работат на нов избор на нови термини коишто би требало да бидат објавени и усвоени во 2022 година.

Иницијативата ја покренал Михаел Блуме, надлежен за сузбивање на антисемитизмот во сојузната германска покраина Баден-Витемберг, со поддршка на Централниот еврејски совет во Германија. Налогот да се најдат нови и да се заменат „проблематичните“ зборови е префрлен на Германскиот институт за стандардизација (DIN).

Најкористениот еквивалент и азбуката во англискиот јазик е фонетската азбука на НАТО, каде на пример, за буквата „Ф“ се користи зборот „фокстрот“ а за „Т“ зборот „танго“. Но повеќето говорници од англојазичното подрајче во разговорот користат и поими како „Денис“ за „Д“ или „Шугар“ за „С“.