
Фудбалерите на Херта во берлинското дерни со 3:1 го совладаа Унион кој имаше водство по првото полувреме, во првиот меч од десетто коло на германската Бундеслига,
На берлинскиот „Олимписки стадион“ поведоа гостите во 20 минута со голот на Таиво Авонији. Но само три минути подоцна Унион остана со играч помалку, откако невнимателниот Роберт Андрих со „карате зафат“ наместо топката ја погоди глвата на тусарт и доби директен црвен картон.
Бројната предност на теренот Херта успеа да ја егектуира дури во второто полувреме. Во 51 минута израмни Словакот Петер Пекарик, победата ја донесоа двата брзи погодока на Полјакот Кжиштов Пјатек во 74 и во 77 минута.
Ова беше само третата победа сезонава за Херта со која дојде до 11 бодови и приврмено е на 11-то место, додека Унион со 16 бодови засега остана на шестото место на табелата.
Водечкиот Баерн Минхен има 22 бода, два повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг со кого во сабота игра на својата „Алијанц Арена“, со почеток во 18,30 часот.
Во сабота на распоредот од 15,30 часот се уште четири натпревари од десеттото коло, а се среќаваат: Келн – Волфсбург, Арминија – Мајнц, Ајнтрахт – Борусија Дортмунд и Фрајбург – Борусија Менхенгладбах.
Во недела од 15,30 часот играат Вердер – Штутгарт, од 18 часот се среќаваат Шалке и Баер Леверкузен а колото го затвора дуелот меѓу Хофенхајм и Аугсбург од 20,30 часот.