Марсеј со победата во Ним на второто место

Фудбалерите на Олимпик Марсеј со 2:0 на гости го совладаа Ним во премиерниот натпревар од 13-то коло на францускиот шампионат и привремено дојдоа до втората позиција на табелата.

Марсеј до трите бода стаса до погодоците на Дарио Бенедетот во 57 минута и на Валер Жермен во 84 минута. Гостите останаа без својот тренер Андре Вилаш-Боаш во 40 минута, поради приговор, а во 77 минута теренот мораше да го напушти и домашниот халф Адриан Кубас.

Со четвртата последователна победа Марсеј се проби на второто место на табелата со 24 бодови, еден зад водечкиот Пари Сен Жермен, кој има и меч повеќе. Ним, пак, е моментално на 16-то место со 11 бодови.

Француското првенство продолжува со два натпревара во сабота, до 17 часот се среќаваат Рен и Лен, а во 21 часот Монпелје го пречекува ПСЖ.

Неделната програма во 13 часот ја отвора дуелот Лил – Монако, ва од 15 часот се играат четири меча: Анже – Лориен, Бордо – Брест, Дижон – Сен Етјен и Нант – Стразбур, во 17 часот следува двобојот меѓу Рем и Ница, а колото ќе го затворат во 21 часот Мец и Лион.