Селта освои три бода во Билбао

Фубдалерите на Селта Виго победија со 2:0 на гостувањето на незгодниот терен на Атлетик Билбао, во првиот натпревар од 12-то коло на шпанското првенство.

Водечкиот погодок за гостите го постигна Уго Маљо во 61 минута, а конечниот резултат го постави Јаго Аспас во 78 минута.

Со третата победа сезонава Селта се приклучи на групата од шест екипи кои имаат по 13 бодови, но тимот од Виго е единствен кој ги одигра сите 12 кола и сега е 14-ти, а Атлетик засега остана на 9-то место со исто толку бодови од 11 кола.

Во саботата на распоредот се дуелите: Леванте – Хетафе (14 часот), Севилја – Реал Мадрид (16,15), Атлетико Мадрид – Вајадолид (18,30) и Кадиз – Барселона (21 часот).

Во недела играат: Гранада – Уеска (14 часот), Осасуна – Бетис (16,15), Вилјареал – Елче (18,30) и во 21 часот започнуваат дуелите Алавес – Реал Сосиедад и Еибар – Валенсија.