
Турција во текот на викендот го спроведува своето прво целосно затворање од мај, откако последните денови во оваа земја е евидентиран рекордно висок број новозаразени со коронавирусот и рекорден број на смртни случаи од последици на Covid-19.
Во Турција, која има 82 милиони жители, во петокот се забележани 32.736 нови случаи на заразата, вклучително и оние асимптоматските, што е најголем број од избувнувањето на епидемијата во март. Во потекот, исто така, како последици од Covid-19 починале 193 лица, што е рекорден број кој е достигна пред два дена, а вкупно досега има починато 14.509 луѓе.
Турските телевизии во саботата емитуваа прилози главно со пусти плоштади и улици во мегалополисот во Истанбул, во главниот град Анкара и во третиот по големина град во земјата Измир.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека мнозинството граѓани ги почитуваат рестриктивните мерки, пренесува новинската агенција Anadolu.
Турција сега е на неславаното четвртото место во светот според бројот на заразени, зад САД, Индија и Бразил, кои имаат далеку повеќе жители од земјата. Турските здравствени власти четири месеци објавуваа податоци исклучително за секојдневните симптоматки случау на заразата, а вкупниот број симптоматски и асимптоматски почнаа да ги објавуваат од 25-ти ноември.
Целосното „затворење“ во сите големи градови во текот на викенди турските власти последниот пат го воведоа во мај. Минаа месеци властите најавија воведвуање на полицискиот час во целата земја, но досегашните мерки но успеаја да го запрат ни порастот на бројот на новозаразените, ниту на смртните случаи.
Трускиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот најави целосно затворање со текот на викендот и воведувањето на полицискиот час во работен ден. Тогаш рече дека мерките, чијашто целта е сузбивањето на ширењето на коронавирусот, се преземаат претпазливо за нивното влијание врз стопанството да се сведе на најмалата можна мерка.
Затворањето и полицискиот час нема да се однесува на некои важни сектори, а во тоа спаѓаат и производствените и синџирите за снабдување. Турската економиија во вториот квартал на годишно ниво паднала за 9,9 отсто. Закрепала во третото тримесечје, кога по укинувањето на рестриктивнтие мерки пораснала за 6,7 отсто.