
Во првиот натпревар од неделната програма на 12-то кол, Гранада на домашен терен против последнопласираната Уеска одигра 3:3, откако гостите имаа водство од 3:1, а во последниениот Реал Сосиедад иако половина час имаше играч повеќе одигра без голови кај Алавес.
Ова беше четвртото реми во низа за Реал Сосиедад во сите натпреварувања, а во Примера падна на втората позиција со 25 бодови, еден помалку од водечкиот Атлетико Мадрид кој има и два натпревара помалку. Алавес е 11-ти со 14 бодови.
Без голови одигра и Вилјареал со Елче, па Вилајреал сега е четврти со 21 бод, а Елече е 10-ти со 14 бодови.
Уеска изненади кај Гранада со голот на Микел Рико во 21 минута, а домашните до крајот на првиот дел успеаја сепак да го анулираат заостанувањето со голот на Луис Суарез во 43 минута. Гостите повторно дојдоа во водсто во 49 минута, а во 82 година новното водство го удвои Јапонецот Шинџи Оказаки кој од повеќе од 30 метри го лобуваше непотребно истрчаниот домашен голман Руи Силва. Сепак, Гранада спаси бод со двата погодока во финишот постигнати со глава. Прво погоди Хорхе Молина во 88 минута, а потоа и Герман Санчез за конечните 3:3.
Гранада против последнопласираниот тим ја пропушти можноста да се пробие до шестотот место на кое сега е Севилја со 16 бодови, и е место подолу со 15 бодови. За Уеска ова беше осмото реми со четирите порази сезинава, и натаму е последна 20-та со осум бодови.
Осасуна забележа домашен пораз со 0:2 од Бетис за кој стрелци беа Борха Иглезијас во 76 минута и Хуан Миранда Гонзалез во првата минута до судиското продолжение. Бетис од 12 кола собра 15 бводови со кои моментлано е на 8-то место, додека Осасуна остана во зоната на испаѓање, 18-та е со 11 бодови.
Колото ќе го заокружи дуелот во понеделник вечер меѓу Еибар и Валенсија.