
Во последниот месец од годината е време да ги поздравиме сите кои се родени во декември.
Секој од нас има барем еден пријател, познаник, колега, роднина кому му славиме роденден во 12-тиот месец.
Овие личности се управувани од Јупитер и поседуваат многу уникатни квалитети.
Родени наставници
Ако има некој кој е подготвен да ви даде важна животна лекција, да ве посоветува во тешки моменти и да ве ислуша со потребното трпение, тоа се луѓето родени во декември. Секогаш со решение во потреба, за нив со полна сила важи поговорката “Пријател во потреба се познава”. Нешто повеќе – нивните совети не се бескорисни, туку даваат јасни насоки за решавање на проблемите.
Тие се лојални
Едвај ќе најдете некој почесен од човек роден во последниот месец од годината. Оваа личност секогаш се обидува да ја најде вистината, да извојува правдата. Но понекогаш, додека е во потрага по правдата, врти на погрешен пат во животот.
Активни се
Ако се прашувате што да му подарите на човек роден во декември, нема да погрешите ако му принесете за подарок ваучер за одмор, спортска опрема, нешто што ќе му послужи за пат. Декемвријците се енергични личности, кои сакаат да патуваат, да спортуваат, да се во постојано движење.