
Комисиската расправа за буџетот ќе продолжи, нформира Собранието бидејќи систе тестирани пратеници-членови на комисијата, како и вработените во парламентот се негативни на ковид-19.
Претходно Собранието информираше дека собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на ковид-19.
Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брис од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.
– Веднаш штом пристигнат, истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата – соопштија од Собранието.