(ВИДЕО) Пратеник од Штип во име на граѓанините му постави прашања на Заев, микрофонот веднаш му беше исклучен

Во Штип во саботата Заев беше изненаден со неколку прашања, микрофонот веднаш беше исклучен, но пратеникот Иван Јорданов од Штип продолжи со прашањата, сето тоа е снимено со камера и објавено на социјалните мрежи.

Прашањата од Иван беа следни:

Прво со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите кои што три и пол години не ги реализиравте?

Второ, дали знаете во компанијата Баргала која што е во роднинска врска со вашиот кандидат пред десетина дена има исплатено плата од 2 денари на вработените?

И последно прашање кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет?