Во Франција бројот на починатите во епидемијата мина 55.000 луѓе

Повеќе од 55.000 луѓе починале како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 од почетокот на епидемијата, соопшти во неделата одделот за јавното здравје при министерството за здравство.

Според податоците, во последните 24 часа во Франција починале 175 лица, или вкупно од крајот на февруари 55.155 луѓе./

Во последеното деноноќие регистрирани се уште 11.022 случаи на коронаинфекции, или веќе 2.292.497 зарази со SARS-CoV-2.

Во француските болници во последните седум дена се хоспитализирани уште 8.564 пациенти.