
Обвинителите во судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози побараа денеска тој да биде осуден на четири години затвор, од кои две да бидат условни и евентуално отслужени при ново кривично дело по одреден период.
Шеесет и пет годишниот десничарски политичар, прв шеф на државата кој се појавил на обвинителна клупа во модерната историја на Франција, е обвинет дека се обидел да поткупи судија со атрактивна работа во замена за внатрешна информација за истражување на финансиите во неговата предизборна кампања.