
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека можно е да застанат на патот на процесот кон полноправно членство на РСМ во Европската униија.
„Покрај силната поддршка од Европската унија и САД за интегративниот процес на Северна Македонија, можно е да има и трети земји кои веројатно работат во спротивен правец и затоа треба да бидеме многу внимателни“, изјави вечерва МНР, Бујар Османи во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој посочи дека Македонците и Албанците, рака под рака, заеднички чекорат кон Европската Унија и кон подобрата иднина.
Османи вели дека солидаризацијата од страна на Албанците кон нивните сограѓани Македонци, покажува дека заедно можат да ги поминат сите пречки кои престојат кон подобрата иднина, односно кон зачленувањето во Европската Унија.