Словачка со масовното тестирање за 60 отсто го намали бројот на коронаинфекциите

Масовното тестирање на новииот коронавирус во Словачка го намали бројот на новозаразенилица за 60 отсто во една недела, во комбинација со карантинот и другите рестриктивни мерки.

„На примерот на Словачка видовме силен доказ дека масовното тестирање во комбинација со карантинот доведе до драстично намалување на бројот на заболени со Covid-19#, изјави англискиот професор Стефан Флаш.

Словачка бесплатно го тесираше речиси целото население (околу пет милиони жители) во краток рок.

Инфицираните лица, заедно со цело семејство беа ставени во десетдневна изолација, а вработените иако во изолација зедоа цела плата. Додека на лицата со негативни тестови им беше дозволено да одат на работа, но не можеа да одат во домовите за стари лица,  а студентите не можеа да се вратат дома за празниците