Вилијам Шекспир прв се вакцинираше од мажите во Британија

Втората личност во светот што ја примил вакцината на Pfizer / BioNTech се вика Вилијам Шекспир

Тој е жител на Ворвикшир, Англија, и бил вакциниран во Универзитетската болница во Ковентри.

Да потсетиме, 90-годишната Маргарет Кинан беше првата личност што ја примила вакцината.

Велика Британија денеска започна да ја вакцинира својата популација против ковид-19 со вакцина развиена од Pfizer и BioNTech. Тоа е првата западна земја што започна со вакцинирање на своето население, што е поздравено како одлучувачка пресвртница во контролата на коронавирусот.

Масовната вакцинација ги зголемува надежите за пресврт во борбата против пандемијата во која загинаа повеќе од 1,5 милиони луѓе и се распаднаа економиите. Поради неопходноста од складирање во ултра ладни услови и комплицираната логистика, употребата на вакцините во моментов е ограничена.