ВМРО-ДПМНЕ: Сто дена влада 1.300 мртви од корона, оставка на Флипче веднаш

Додека министерот за здравство Венко Филипче говори дека пикот на ковид епидемијата поминал, додека премиерот Зоран Заев вели дека успешно се справува, а пефот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека се е под контрола илјадници луѓе дневно се заболуваат, а десетици умираат. Овие бројки ќе беа помали доколку Македонија не беше зафатена од епидемијата неодговорна и неспособна власт, реагираат во вторникот  од ВМРО-ДПМЕН.

Од опозициската партија посочуваат дека во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 25 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.949 жртви и е во првите десет земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители, односно на шесто место.

„Неспособниот премиер во заминување Заев и министерот за здравство Филипче наместо да менаџираат и да ги помагаат граѓаните со мерки за полесно справување со КОВИД вирусот, тераат ПР. Истиот тој Филипче којшто кажуваше дека ситуацијата е ризична, но нема потреба од дополнителни мерки, сега заедно со премиерот во заминување водат партиска кампања за избори во Штип каде што во тој град има највисока неделна инциденца по заразени од КОВИД вирусот. Наместо Филипче да убедува и да манипулира со јавноста дека се е под контрола редно е да си поднесе оставка, јавноста секојдневно е сведок на преполни болници, недоволно кислород, тестирање со денови, чекање резултати со денови, брза помош да дојде со саати, за жал нивните лаги убиваат секојдневно по десетици луѓе и семејства кој ги завииват во црно. Затоа е редно министерот за здравство Филипче заедно со премиерот Заев да си дадат неотповиклива оставка и одговорност мора да има ! Тоа е најдобрата мерка против епидемијата, која Заев и Филипче може да ја преземат“, стои во соопштението на партијата.