Бучковски нема да е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, не го сметаме за легитимен претставник на државата

Не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не по овој потег на премиерот да назначи свој специјален претсатавник за Бугарија, Владо Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во поширата јавност, нагласи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на телевизија Сител.

Милошоски додаде дека можеби Бучковски е близок со Заев, и ужива кредибилитет кај премиерот, и може да биде специјален претставник на премиерот, но јас не би го сметал за спрецијален претставник на Македонија.

„И затоа оној совет кој што беше даден вчера во Вашата емисија од претседателот Пендаровски дека по враќањето на Бучковски кој ќе советува, Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, јас уште од сега можам да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Милошоски. Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата.