Милошоски: И по укажувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Заев потпиша договор со Бугарија кој донесе повеќе проблеми отколку решенија

Договорот со Бугарија од 2017 година кој го потпиша премиерот Зоран Заев носеше повеќе проблеми отколку решенија, со нено премногу се бараше од Македонија а од Бугарија само се бараше да даде поддршка за преговори со Еевропскта унија, којашто, за жал, денес ја нема изјави во средата во вечерните вестите на телевизија Сител гостуваше Антонијо Милошоски, член на Изврниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за надворешни работи.

„За мене блокадата не е изненадување, затоа што во јули 2017 година еден месец пред да се потпише овој договор со Бугарија побаравме и тогаш за чудо добивме средба со премиерот Заев на затворена комисија за надворешно политика во Собранието. Кажавме дека договорот таков каков што е, како нацрт договор тогаш може да создаде повеќе проблеми отколку решенија доколку се потпише. Предложивме пет точки како да се подобри тој договор. Но видовме дека господинот Заев е во ентузијазам на првите месеци како премиер, направи некои како да кажам можеби ПиаР стратегија за да се појави во Собранието без да земе предвид било кој од нашите забелешки и совети. Го потпиша договорот таков како што беше и денес сме сведоци дека таквиот договор создава навистина повеќе отворени прашања отколку решенија“, истакна Милошоски.

Додаде дека првата забелешка беше во договорот да се вметне еден цивилизиран пристоен начин, формулацијата македонскиот народ и бугарскиот народ. Да се има една динстинкција и да се вметнат овие два термина во смисол на соработка и заемно почитување.

„Да се вметне терминот македонски јазик кој што би бил спомнат надвор од контекстот на Усатвот, бидејќи македонскиот јазик не мора да значи дека е ограничен само со Уставот. Има Македонци што не живеат во Македонија, а сепак го говорат јазико“, нагласи Милошоски.

Посочи дека во договорот треба да е изрично направена поделба помеѓу заедничката историја и посебниот дел на историја на двата народи. А, исто така нашата пратеничка група имаше забелешка дека договорот е премногу асиметричен.

„Не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не после овој потег на премиерот да назначи свој специјален претставник за Бугарија, Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во поширата јавност“, нагласи Милошоски.

Порача дека советот којшто беше даден вчера од претседателот на државата Стево Пендаровски дека по враќањето специјалниот владин советник за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски  ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, тој не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета Бучковски за легитимен претставник на државата.

„Македонија во меѓувремем наместо да чека, времето секако ќе помине, добро е по иницијатива на Претседателот на државата, на Владата, на опозицијата, на парламентот, да смогне сили на една лидерска средба и на една собраниска пленарна седница ако треба да биде од отворен или затворен тип нека процени Владата со какви информации располага да се разговара за една национална европска позиција која што ќе значи утврдување на рамката на нашиот национален идентитет како европска вредност“, рече Милошоски.

„Членство во европска економска зона, тогаш Македонија не треба да пропушта такви шанси. Напротив би требало претседателот Пендаровски доколку за тоа разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, со Собранието, со Владата, со МАНУ, со Стопанските комори и другите надлежни институции. треба да разговара на оваа тема. За да може Македонија додека го тера процесот за членство во ЕУ да напредува и на друг план. Бидејќи за разлика од пред десет години денес процесот на зачленување во ЕУ не е популарен и во самата ЕУ“, посочи Милошоски.

Рече дека влезот во европска економска зона би ја кренала македонската економија, тоа е отскочна даска која нуди многу предности.