
Слаб дожд врне низ целата држава, а на Попова Шапка и патниот правец од Маврово кон Дебар паѓа слаб снег кој не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.